Регион

Петков: Нема да поддржиме влада со учество на ГЕРБ

07.04.2023 16:59

Коалицијата Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија нема да поддржат влада со мандат или учество на ГЕРБ. Бојко Борисов, пред два дена соопшти дека единствената задача пред новото Народно собрание е формирање редовна влада.

Бугарија повторно во политички ќор-сокак. Коалицијата Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија нема да поддржат влада со мандат или учество на ГЕРБ. Бојко Борисов, пред два дена соопшти дека единствената задача пред новото Народно собрание е формирање редовна влада.

„Ќе работиме и ќе разговараме со сите политички партии за важните политики за Бугарија и доколку со првиот мандат ГЕРБ не успее да формира влада, ќе ја прифатиме одговорноста и со вториот мандат ќе предложиме влада од нашата коалиција“, изјави Кирил Петков, лидер на Продолжуваме со промената.

Во Бугарија во неделата се одржаа парламентарни избори, петти по ред во период од две години.