Регион

Вучиќ: Курти ги иселува Србите од Косово

07.04.2023 18:07

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека нема автономија за српските општини и дека од позиција на шеф на државата нема да дозволи да се прекрши Уставот...

Луѓето од југот и од северот на Косово се револтирани од Приштина и меѓународната заедница, вели српскиот претседател Вучиќ. Го обвини премиерот Албин Курти дека ги иселува Србите од Косово.

„Моето барање беше само да се зачува мирот. Не сум премногу оптимист и се плашам дека некои луѓе не разбраа што се случува на Косово и дали ќе направиме отстапка за некои бирократски прашања. Она што го прави Курти е токму загрозување на безбедноста на Србите“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека нема автономија за српските општини и дека од позиција на шеф на државата нема да дозволи да се прекрши Уставот.

Неодамна Вучиќ и Курти одржаа средба во Охрид за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.