Викендов на Матка ќе се одржи ИКАС 2023

07.04.2023 17:31

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски очекува манифестацијата да помине во најдобар ред.

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Македонската кајак федерација викендов ќе го организираат 54-от Илинденски кајак слалом – ИКАС 2023.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски очекува манифестацијата да помине во најдобар ред.

Ова е една од најстарите манифестации во Европа, а потврда за успешната организација во сите изминати години го услови и добивањето на организацијата на Европското првенство за сениори во дисциплината Спуст на дива вода во месец Мај 2023 година. Агенцијата за млади и спорт ќе помогне во организацијата на оваа манифестација со цел да се претставиме во најдобро светло, истакна Мојсовски.

Почетокот на квалификациските трките е закажан за 10 часот, а финалето ќе се одржи во недела со почеток од 16 часот.