Маричиќ: Европската перспектива достижна како никогаш досега
Маричиќ смета дека „сега е идеален момент за забрзување на пристапниот процес, имајќи предвид дека годинава се одбележуваат 20 години од Самитот во Солун, кога на земјите од Западен Балкан им беше ветена европска перспектива, земајќи го предвид и новиот геополитички контекст“.

Напредокот на регионот кон ЕУ е очигледен, а европската перспектива на Северна Македонија и Србија како никогаш досега е достижна- изјави денеска вицепремиерот Маричиќ на прес-конференцијата со министерката за евроинтеграции од Србија, Тања Мишчевиќ.
Она што очекуваме од ЕУ е извесност и јасен план за проширувањето на Унијата, што ќе значи поттик за забрзување со процесите на трансформација на општествата. Покажавме дека сме кредибилен партнер на ЕУ и сме подготвени да одговориме на задачите, ред е Унијата да даде временска рамка и да го заврши обединувањето на стариот континент, рече Маричиќ.
Маричиќ смета дека „сега е идеален момент за забрзување на пристапниот процес, имајќи предвид дека годинава се одбележуваат 20 години од Самитот во Солун, кога на земјите од Западен Балкан им беше ветена европска перспектива, земајќи го предвид и новиот геополитички контекст“.
Српската министерка за евроинтеграции Мишчевиќ потсети дека како потписници на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, иницијативата Отворен Балкан, како дел од Берлинскиот процес, дека една од целите е посилно, подобро и поефикасно вклучување на заедничкиот пазар на Европската Унија.
Најголемите придобивки од процесот треба да ни бидат достапни на сите нас како граѓани, односно на сите оние кои можат да користат прекугранична соработка, оние кои имаат потенцијал да се развиваат и тргуваат со Европската унија, оние кои се обидуваат да ја подобрат нивните капацитети, знаења и вештини, со цел да се одговори на новите предизвици на современиот свет, посочи Мишчевиќ.
И Маричиќ и Мишчевиќ во своите обраќања истакнаа дека Владите на двете земји се посветени на исполнувањата на задачите и обврските кои ги имаат кон ЕУ и дека Северна Македонија и Србија ќе продолжат да бидат поддршка едни на други во обезбедувајќи сигурна, просперитетна и европска иднина на сегашните и идните генерации.
