Тројца повредени во физичка пресметка во близина на поликлиника Бит Пазар
Според првичните информации на МВР, едното лице е повредено од оружје но се уште нема информации за какво оружје станува збор...

Три лица, меѓу кои малолетник, биле повредени во физичка пресметка што се случило доцна попладне околу 18 часот во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје.
Според првичните информации на МВР, едното лице е повредено од оружје но се уште нема информации за какво оружје станува збор.
На 07.04.2023 околу 18 часот во СВР Скопје пријавено е дека дошло до физичка пресметка во близина на поликлиника Бит Пазар во Скопје, а непосредно потоа од ГОБ Св. Наум Охридски е пријавено дека за лекарска помош се пренесени А.Б. (20) со повреда на десна рака од оружје, како и А.Б (23) со повреди од тврди предмети и 17-годишен малолетник со повреди од физички напад, информираа од МВР.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.
