Отворен Регионален центар за одржлив развој на Струмица и Василево
Со поддршка на УНДП, Струмица и Василево по пат на меѓуопштинска соработка добија Регионален центар за одржлив развој. Таму младите земјоделци и претприемачи може да добиваат информации, совети, но и поддршка за развој на своите бизниси. Посебен акцент ќе се става на жените земјоделки соопштија од УНДП кои го опремија новиот центар...

Општините Струмица и Василево со поддршка на УНДП и Бирото за регионален развој отворија Регионален центар за одржлив развој каде што земјоделците, младите претприемачи може да добиваат информации за обуки, отворени фондови за аплицирање, но и совети како да го развиваат бизнисот. Станува збор за проект кој ја поттикнува меѓуопштинската соработка како двигатели на одржливиот развој.
Регионалниот центар за одржлив развој ќе функционира во простории на поранешната струмичка касарна. Истиот е опремен со средства од УНДП. Таму земјоделците и претприемачите може да добиваат услуги но и обуки. Посебен фокус ќе се дава на жените земјоделки и претприемачки.
Во рамките на проектот е отворена и веб страна каде може земјоделците и претприемачите од двете општини да се регистрираат, но и да ги нудат своите производи и услуги но и индивидуалните сместувачки капацитети.
Ване Трајков
