Украина
Киев подготвен на преговори, ако успее контраофанзивата
08.04.2023 09:55
Ако украинската војска стигне до границата на Крим, Киев е подготвен на преговори со Москва за иднината на полуостровот, изјавил висок советник на Зеленски...

Ако украинската војска стигне до границата на Крим, Киев е подготвен на преговори со Москва за иднината на полуостровот, изјавил висок советник на Зеленски.
Тоа е до сега најексплицитна изјава од Киев околу можноста за преговори со Русија. Западот пак скептичен дека Украина има капацитет да го освои полуостровот, анектиран уште во 2014.
Киев се надева дека претстојната контраофанзива ќе го отвори патот кон југ, најверојатно преку Запорожје, од каде можат директно да го нападнат мостот кој го спојува Крим со Русија, преку кој полуостровот се снабдува со оружје и војска.
