Израел
Загина турист од Италија во напад во Тел Авив
08.04.2023 09:56
Полицијата во Тел Авив застрела напаѓач со пиштол, кој пукал во луѓе и удрил со автомобил во пешаци...

Полицијата во Тел Авив застрела напаѓач со пиштол, кој пукал во луѓе и удрил со автомобил во пешаци. Еден загинал, а неколкумина се повредени во инцидентот.
Во нападот загинал италијански турист. Напаѓачот е државјанин на Израел со арапско потекло.
