Пекинг
Кина почна воени вежби
08.04.2023 09:56
Кинески воен брод во Тајванскиот теснец почна тридневна воена вежба која Пекинг ја нарекува предупредување за протајванските сили за независност...

Кинески воен брод во Тајванскиот теснец почна тридневна воена вежба која Пекинг ја нарекува предупредување за протајванските сили за независност.
Според тајванското Министерство за одбрана дека осум кинески бродови и 42 авиони преминале на Тајванскиот теснец. Кина го смета Тајван како своја територија.
Вежби се планирани и на север, југ и исток на островот Тајван, откако тајванската претседателка Цаи Инг-Вен се сретна со претседателот на претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти во САД, што го налути Пекинг.
