Народен театар-Битола

Премиера на претставата „Ако останеш дома“

08.04.2023 10:15

За неполн месец втора премиера во битолскиот Народен театар. Претставата „Ако останеш дома“ е драма во еден чин по мотивите на оригиналот на Карој Сакони, во режија на Јован Ристовски. Главни улоги ги играат актерката Јулијана Мирчевска и актерот Васко Мавровски-кои ни пренесуваат приказна од секојдневието на еден брачен пар. Станува збор за трагикомедија со елементи на психолошка драма...

„Ако останеш дома“ драма во еден чин по мотивите на оригиналот на Карој Сакони, во режија на Јован Ристовски е најновата премиера во битолскиот театар. Станува збор за трагикомедија со елементи на психолошка драма. Инспирацијата за оваа претстава е секојдневието на народот кој е несреќен и незадоволен повеќе од 30 години. На сцената мажот и жената претставуваат две птици во кафез кои ја изгубиле својата музика, а во публиката гледаат птици кои го изгубиле духот.

„Народот е генерално несреќен, го гледам го перцепирам како несреќен, сиромашен народ“, рече Јован Ристовски, режисер.

Главни улоги ги играат актерката Јулијана Мирчевска и актерот Васко Мавровски-кои ни пренесуваат приказна од секојдневието на еден брачен пар. Во претставата станува збор за отуѓеноста на луѓето. Како во трка по егзистенција, забораваме кои сме, кој е до нас, колку е важен тој што е до нас, и колку понекогаш ни значи наједноставното прашање: како си? Ние сме социјални битија на кои ни е потребна пред сè љубов-велат актерите Мирчевска и Мавровски.

Ова е втора по ред премиера на сцената на битолскиот театар за неполн месец, првата премиера „На отворено море, беше на 11-ти март.

 

 

Александра Максимовска