Македонија

Џејмс Рубин во посета на Подгорица, Скопје и Тирана

08.04.2023 11:55

Од 10-ти до 14-април, Џејмс Рубин, американскиот специјален координатор за глобален ангажман е во посета на Подгорица, Скопје и Тирана...

Од 10-ти до 14-април, Џејмс Рубин, американскиот специјален координатор за глобален ангажман е во посета на Подгорица, Скопје и Тирана.

Во Црна Гора и во Македонија, Рубин ќе разговара со претставниците на властите за справување со дезинформациите.

Теми на средбите се напорите на Русија, Кина и други држави кои се обидуваат да ја поткопаат демократијата и националната безбедност во светот, како и моделите за колективна борба против заканите во информацискиот простор.

Во Тирана Рубин ќе учествува на состаноците на американските амбасадори од Западен Балкан.