Вердиевата „Симонe Боканегра“ за почеток на Мајските оперски вечери

09.05.2014 19:36

Со премиерната изведба на претставата „Симон Боканегра“, едно од последните дела на Џузепе Верди, вечерва во Салонот на МОБ, започнаа 42-те Мајски оперски вечери. Годинашното издание на фестивалот се одликува со нагласено присуство на италијанските творци и голем број на светски оперски ѕвезди како Инва Мула, Џузепе Сабатини, Џована Казола, Руди Парк и други.
 
Пет оперски претстави и еден балет се на програмата на 42-те Мајски оперски вечери, фестивалот кој традиционално ќе се одржи од 9 до 31 мај. Една од спецификите на годинашното издание на манифестацијата е нагласеното присуство на гостите од Италија која се смета за татковина на операта. 
 
Мајските оперски вечери свечено ќе се отворат  со премиера на операта „Симоне Боканегра“, едно од последните дела на големиот Џузепе Верди и можеби најголемото достигнување на романтизмот.
 
Со оркестарот и хорот ќе диригира маестро Џанлука Мартиненги од Италија, режисер е неговиот сонародник Антонио Карло де Лучија, сценограф Алесандра Полимено, а за костимите се погрижи нашиот Александар Ношпал.