Уставни измени

Истекува рокот за формирање работна група

08.04.2023 13:25

Истекува рокот за формирање на работната група за уставни измени што Министерството за правда го постави во дописот до институциите и политичките партии да номинираат претставници...

Истекува рокот за формирање на работната група за уставни измени што Министерството за правда го постави во дописот до институциите и политичките партии да номинираат претставници.

Засега само шефот на државата Пендаровски номинираше свој член.

Тоа е професорот од правниот факултет Александар Спасов, кој е негов советник. Правда очекува имиња и од МНР и од парламентарните политички партии кои треба да одговорат најдоцна до 10-ти април.

Во групата се повикани да учествуваат и експерти од областа на уставно право.