Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го уништува културното наследство

08.04.2023 15:03

Владата предлага скандалозна измена на Законот за заштита на културното наследство по итна постапка, со цел што побрза реализација на Коридорот 8, обвинуваат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ...

Владата предлага скандалозна измена на Законот за заштита на културното наследство по итна постапка, со цел што побрза реализација на Коридорот 8, обвинуваат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Алармираат дека со овој предлог-закон се предвидува известувањето да дојде до „надзорниот инженер“ кој нема апсолутно никакво познавање од археологијата и културното наследство.

Инженерот треба лично да утврди што се нашло при работата и што од најденото се уништило и дали на местото има културно наследство или не. Од партијата со став-зад овој предлог-закон се кријат многу нешта, а со него, ќе биде дадено зелено светло за трајно уништување на македонското културно наследство.