Политика

ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и ДС нема да бидат дел од работната група за уставните измени

08.04.2023 16:09

ВМРО-ДПМНЕ нема да номинира претставник во работната група за уставните измени. Мицкоски со став- Уставот не е детска градинка. СДСМ не се откажува од европската иднина, на пироманите од опозицијата нема да им дозволиме блокада, порачаа од владејачката партија. Кога се отвора Уставот, растат и партиските апетити...

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставните измени, дециден е Христијан Мицкоски, оценувајќи дека во оваа фаза тоа е беспредметно и оти власта сака да го политизира процесот. Коментирајќи го отфрлањето од власта за хрватскиот модел, Мицкоски рече дека иако за него претходно зборувале и премиерот Димитар Ковачевски, и министерот за надворешни работи, претставници на меѓународната заедница, но сега од Владата се повлекуваат.

СДСМ нема да се откаже од европската иднина, велат во владејачката партија.

„На пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме да го блокираат европскиот пат на земјата. Најавите на Мицкоски дека одлучил ВМРО-ДПМНЕ да не номинира претставници во работната група за уставни измени кои се неопходни за продолжување на европскиот пат е само уште една потврда дека Мицкоски е против ЕУ и дека е во целосно заложништво на Левица“, дополнуваат од СДСМ.

Левица ја одби поканата за учество, според партијата потребна е одбрана на државата и на македонските национални интереси.

И од Алтернатива со став дека не може да има работна група за составување или подготовка на уставните измени без претходен политички консензус. Ќе учествуваат во групата, но бараат јасни цели.

Од Демократскиот сојуз сметаат дека пред да почне постапка за изменување на Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет за тамошното македонско малцинство. Партијата нема да номинира свој претставник во групата.

 

 

Ана Јосифоска Тодоровска