Русија

Погребан рускиот воен блогер кој беше убиен во Санкт Петербург

08.04.2023 18:58

Во Москва денеска беше погребан рускиот воен блогер Владлен Татарски, кој загина во експлозија што се случи на 2 април во кафуле во Санкт Петербург, а меѓу другите на погребот присуствувале и членови на паравоената група „Вагнер“...

Во Москва денеска беше погребан рускиот воен блогер Владлен Татарски, кој загина во експлозија што се случи на 2 април во кафуле во Санкт Петербург, а меѓу другите на погребот присуствувале и членови на паравоената група „Вагнер“.

Според руските медиуми, на погребот на блогерот присуствувале неколку стотици луѓе.

Она што го привлекло вниманието на медиумите кои присуствувале на погребот е доаѓањето на претставници на групата Вагнер, меѓу кои и шефот Евгениј Пригожин.

Руските безбедносни служби ја уапсија Дарија Тепова, која е осомничена дека го организирала нападот на Татарски.