Украина
Над 30 деца вратени од Русија
09.04.2023 09:52
Повеќе од 30 деца се вратени кај нивните родители во Украина, по долгата операција на враќање од Русија каде беа одведени од конфликтните подрачја...

Повеќе од 30 деца се вратени кај нивните родители во Украина, по долгата операција на враќање од Русија каде беа одведени од конфликтните подрачја.
Според Киев над 19 илјади деца се одведени во Русија од почетокот на војната во февруари минатата година, означувајќи го како незаконска депортација.
Москва, која контролира делови на југот и истокот на Украина, негира дека ги грабнала децата и тврди дека се одведени за нивна безбедност. Децата биле одведени во летни кампови, од украинските области Харков и Херсон.
