Русија
Песков: Одамна немало такви критики на сметка на САД
09.04.2023 09:53
Портпаролот на Кремљ, Песков рече дека францускиот претседател Макрон всушност ја критикува политиката на Соединетите Американски Држави кога зборува против распоредување на нуклеарно оружје на една земја во други држави...

Портпаролот на Кремљ, Песков рече дека францускиот претседател Макрон всушност ја критикува политиката на Соединетите Американски Држави кога зборува против распоредување на нуклеарно оружје на една земја во други држави.
„Одамна не сме слушнале толку жестоки критики на претседателот на Франција на сметка на САД“, истакна Песков. Претходно, Макрон рече дека ниедна земја под ниедни услови не може да распореди нуклеарно оружје на странска територија.
