Естонија

Постигнат нов договор за коалициска влада во Естонија

09.04.2023 09:54

Премиерката на Естонија Калас изјави дека нејзината централнодесничарска Реформска партија постигнала договор со две други партии за формирање коалициска влада...

Премиерката на Естонија Калас изјави дека нејзината централнодесничарска Реформска партија постигнала договор со две други партии за формирање коалициска влада, пет недели по изборите во земјата.

Партијата на Калас, која на парламентарните избори освои 31,2 насто, ќе коалицира со центристичката партија Естонија 200 и социјалдемократската партија.

Калас е премиерка на Естонија од јануари 2021 година, кога стана првата жена шеф на влада во земјата со 1,3 милиони жители.