Тел Авив

Израел ја ракетираше Сирија

09.04.2023 09:55

Израелски воени авиони извршија воздушни напади врз воени цели во Сирија како одговор на ноќните ракетни напади на териториите под контрола на Израел...

Израелски воени авиони извршија воздушни напади врз воени цели во Сирија како одговор на ноќните ракетни напади на териториите под контрола на Израел.

Сириските медиуми објавија за експлозии во близина на главниот град Дамаск, а израелски воени извори потврдија дека биле извршени напади врз сириски артилериски батерии и фрлачи на беспилотни летала.

Израелската армија ја смета Сирија за одговорна за сите активности што се случуваат на нејзина територија.