Североисток

Жители од урбана се враќаат во рурална средина

09.04.2023 10:06

Новоизградени, реновирани стари куќи и викендици. Во североистокот, жители од урбана се враќаат во рурална средина. Во Старо Нагоричане се почесто може да се видат повратници, најчесто пензионери, кои градскиот метеж го заменуваат со природа. Тие се враќаат но помладите за подобра егзистенција, заминуваат надвор од државата...

Кумановците Милован Трајковиќ и Бранко Зафировиќ, се дел од граѓаните кои по пензионирање, градската средина ја заменуваат со руралната. Веќе неколку години живеат во Старо Нагоричане. Овие пензионери одлучиле градскиот метеж, да го заменат со природа. Селото има уредена инфраструктура, развиено земјоделство. За македонската телевизија раскажуваат дека радува што е значаен бројот на новоизградени, реновирани стари куќи, викендици. Повозрасните се враќаат во село, но помладите за подобра егзистенција заминуваат надвор од државата.

„Си живеам овде на еден спокоен и мирен начин, без некои тензии, нервози, градски гужви и слично. Во Старо Нагоричане има идеални услови за живеење, најголемите проблеми околу комуналните работи се завршени, изјави Милован Трајковиќ“, пензионер, повратник во село Старо Нагоричане.

„Имам куќа во Куманово, но по пензионирањето се преселив овде, се занимавам со земјоделство, ниви, трактор. Има две продавници, нема лекар во селото, има амбуланта и стара и нова, но нема лекар, изјави Бранко Зафировиќ“, жител на Старо Нагоричане.

Единствен проблем во општината е што нема лекар. Постои здравствена ординација, но не функционира со години. Принудени се да патуваат неколку километри од Куманово, но велат и тоа не е проблем.

 

 

 

Елена Георгиевска