Празник

Католиците го слават Велигден

09.04.2023 10:22

Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден...

Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена воскресна литургија.

На неа присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски и многу верници.

Велигденската литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов.