Прилеп

Музејот за тутун- приказна што продолжува

09.04.2023 10:29

Музејот за тутун во Прилеп, еден од најголемите во светот годинава бележи 50 години постоење, а организираното производство кај нас на оваа индустриска култура, наврши 150 години. Со преку 4.500 ексклузивни експонати, музејот ја привлекува љубопитноста на посетителите од цел свет...

Преку 4.500 експонати од производството, преку употребата на тутунот и предмети за уживање. И сите ја раскажуваат човековата историја. Тутунот е феномен на апсурдот кој ги полни државните каси, а предметите поврзани со него ја развиле човековата фантазија низ вековите, поврзувајќи ги и историските личности. Прилепскиот музеј за тутун, еден од најголемите во светот, бележи пет децении.

Тутунот ја чува тајната на долготрајноста. Некои наши сорти траат и по 450 години. Преку предметите поврзани со тутунот, луѓето сакале да се покажат. Приказните се безбројни и уникатни.

И покрај тоа што 16 години не работел, Музејот за тутун го посетиле над 100.000 гости и туристи. Доби 300.000 денари од Министерството за култура. Ќе ги обновува инсталацијата, витрините со експонатите, а ќе се набават и нови експонати.

 

 

Елизабета Митреска