Вежби за справување со пожари во прекуграничен регион
Пожарникари од Струмица и Петрич Бугарија со симулациска вежба стекнуваа искуства како да настапат заеднички при појава на пожари во прекуграничниот регион. Тврдат дека вакви вежби се потребни заради зајакнување на капацитетите на двете друштва бидејќи пожарите не признаваат граници...

Пожарникари од струмичката противпожарна единица и пожарникари доброволци од Петрич, Бугарија преку симулативна вежба за справување со поплави и пожари на отворено, разменуваа искуства за заеднички настап. Вежбата се одржа на просторот кај акумулацијата „Иловчанка“, во рамки на проектот „Заштита на локалното население од општините Струмица и Петрич
Кирил Стојков од Доброволното против пожарно друштво при општина Петрич истакна дека досегашната соработка е успешна но се надева дека и во иднина ќе работат на заеднички проекти
„И во минататото преку Програмата за прекугранична соработка сме реализирале повеќе проекти и се надеваме дека ќе соработуваме и во иднина. Имавме одлична обука на акумулацијата Иловчанка. Научивме многу работи бидејќи доаѓаме со доброволци кои досега не беа запознаени со тие техники“, рече Кирил Стојков, доброволно противпожарно друштво Петрич-Бугарија.
Заштита на локалното население од општините Струмица и Петрич е финансиран е од европските фондови преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија.
Ване Трајков
