Недоразбирањата надминати, кејот на реката Вардар во Велес ќе се гради
По пет месеци откако беше стопиран проектот за изградба на кеј на река Вардар во Велес, недоразбирањата надминати, ќе започне да се гради со пари од ЕУ, штом ќе се стабилизира нивото на реката Вардар од пролетните дождови...

Изградбата на кејот на Вардар во Велес, од десната страна ќе продолжи штом ќе се стабилизира нивото на реката. Тој требаше да започне да се гради на почетокот на месец ноември лани, но пет месеци беше стопиран, од страна на Министерството за животна средина, поради забелешка дека не се обезбедени сите потребни документи.
Кејот кој треба да се гради во должина од 200 м. од мост Гемиџии па до Мало мовче, или во целост по истата должина како што е веќе изградениот на левата страна. Изведувач на работите, избран по пат на јавен повик е градежната фирма „Делта пром“ од Велес. Вредноста на проектот е 430 илјади евра
Изградбата на кејот на реката Вардар во Велес е дел од проектот „Креативни можности во туризмот“ финансиран од средства на Европската Унија, за преку гранична соработка меѓу Грција и Македонија. Тој ги опфаќа градовите Велес и Лерин во Република Грција и со него треба да се развива локалната економија.
Петар Печков
