Каталуња е 5-от предизвик
Добропознатата патека Каталуња крај Барселона е новиот 5-ти предизвик сезонава...

Мерцедес со Луис Хамилтон и Нико Росберг доминантно мина низ серијата од 4 трки на истокот, па повеќето тимови со многу надеж го очекуваа враќањето во Европа кога вообичаено се прават и најголемите надградби на болидите со надеж дека ќе се запре доминацијата на Мерцедес.
Добропознатата патека Каталуња крај Барселона е новиот 5-ти предизвик сезонава. За прв пат по неколку години возачите зимските тестирања не ги одработија на Каталуња-патека што е комбинација на долги и брзи свиоци што надополнето со абразивната подлога и високите температури ќе биде вистински тест за тврдите и медиум пневматици, иако од Пирели не очекуваат да се повторат минатогодишните 4 застанувања во боксот.
Двата правци каде што се поставени ДРС зоните се прекратки за ладење на гумите, па менаџирањето и изборот на сет-апот ќе бидат пресудни, исто како и квалификациите.На 17 од досегашните 23 трки на Каталуња триумфирале носителите на пол-позиција, 4 пати вторите на стартот стигнале до првото место, ,а редок подвиг оствари Алонсо минатата сезона кога до највисокото место на пиедесталот стигна од 5-тата позиција на стартот.
Барселона често значела пресвртница и показател каде ќе се движи Ф1 шампионатот или како што вели Хамбери од Пирели –кој е добар во Барселона е добар секаде.Слободните тренинзи не најавија сензација.Хамилтон е најбрз, Фетел со огромни проблеми извозе само 4 круга, агрегатите на Рено и натаму не се конкурентни со исклучок на болидот на Рикардо.
Хамилтон на Каталуња доаѓа со 3 последовни победи, Мерцедес со сите 4.Може ли некој да ги запре.? Проверете на МРТ.Сабота од 14 часот квалификации и в Недела во истиот термин трката за големата награда на Шпанија.
