Празник

Православните верници денеска го слават празникот Цветници

09.04.2023 13:00

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници, познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и воскресението...

Неделата, една седмица пред Велигден се празнува Цветници ден кога Исус Христос влегува во Ерусалим, а неговите ученици фрлале цвеќе на патот, и како што велат записите, му ја постилале својата облека пред него. И во Скопје овој ден се празнува. Граѓаните со свеќа в рака се помолија за здравје и бериќет.

Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред Воскресението Христово, празникот над празниците во христијанството, бидејќи животот е посилен од смртта.

 

 

 

Александра Спировска