Германија

Огромен пожар во Хамбург

09.04.2023 13:12

Пожарникарите во Хамбург, Германија од изутрината се обидуваат да се справат со огромниот пожар кој зафатил повеќе магацини...

Пожарникарите во Хамбург, Германија од изутрината се обидуваат да се справат со огромниот пожар кој зафатил повеќе магацини.

Сè уште не е соопштено од надлежните што имало во магацините, но на жителите им е препорачано да не излегуваат надвор од домовите и да ги затворат прозорците и вратите.

Не е позната и причината за пожарот што се случил на велигденската ноќ.