Израел ја рекетираше Сирија поради нападите од нејзина територија
Сириските медиуми објавуваат за експлозии во близина на главниот град Дамаск, а израелски извори потврдија дека биле извршени напади врз сириски артилериски батерии и лансери на беспилотни летала. Стотици муслимански верници, се собраа во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим во одбрана на светилиштето...

Израелски авиони извршија воздушни напади врз воени цели во Сирија како одговор на ноќните ракетни удари на териториите под контрола на Тел Авив. Сириските медиуми објавуваат за експлозии во близина на главниот град Дамаск, а израелски извори потврдија дека биле извршени напади врз сириски артилериски батерии и лансери на беспилотни летала. Израелската армија ја смета Сирија за одговорна за сите активности што се случуваат на нејзина територија.
Израелските одбранбени сили соопштија дека вкупно шест ракети биле истрелани кон Голанската висорамнина. Ова дополнително ја зголемува тензијата по избувнувањето на насилството во регионот.
Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи рече дека Хамас го користи Рамазан „за оправдување на насилството“, по нападот во Тел Авив.
„Израел е под терористички напад. Беа застрелани од палестински терорист. Еден ден пред ракетите беа лансирани од појасот Газа од Либан од страна на организациите на Хамас во Израел. Гледаме дека Хамас и другите терористички организации го користат рамазан како изговор за поголемо насилство и повеќе тероризам“, изјави Лиор Хајат, портпарол на израелското МНР.
Коментарите доаѓаат откако израелските власти соопштија дека палестинските напаѓачи извршиле неколку напади во петокот, при што убија три лица, а ранија најмалку седум.
Илјадници израелци излегоа на улиците на Тел Авив на протести против владините планови за измени во судскиот систем.
Стотици муслимански верници, се собраа во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим во одбрана на светилиштето.
Марина Ристова
