Тајван
Симулиран напад на вториот ден од воените вежби
09.04.2023 13:55
Тајванското Министерство за одбрана извести дека во текот на два дена, во Тајванскиот теснец биле забележани 58 кинески авиони и девет воени бродови...

Тајванското Министерство за одбрана извести дека во текот на два дена, во Тајванскиот теснец биле забележани 58 кинески авиони и девет воени бродови.
Според Кинеската државна телевизија патролите и вежбите за инспекција на борбена готовност околу Тајван ќе продолжат и утре, а денешните вежби имале за цел да симулираат заеднички прецизни напади врз клучни цели на островот Тајван и во околните морски области.
