Празник

Честитки од државниот врв по повод католичкиот Велигден

09.04.2023 14:39

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до скопскиот бискуп и епарх Киро Стојанов, и до верниците кои го слават Велигден според Грегоријанскиот календар...

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до скопскиот бискуп и епарх Киро Стојанов, и до верниците кои го слават Велигден според Грегоријанскиот календар.

„Велигденската порака нè поттикнува, да се поистоветуваме со оние коишто страдаат и со длабока хуманост, солидарност и со емпатија да се застапуваме за мир, за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите, напиша во честитката шефот на државата.

„Верувам дека светлината на овој голем празник ќе ги осветли душите, ќе ги стопли срцата и ќе го разбистри умот на сите којшто го загубија својот пат и својот мотив. Нека таа светлина ги осветли и стопли домовите на сите граѓани, да донесе мир и хармонија во мислите и срцата, се вели во честитката од спикерот Џафери.

„Овој празник, што ја слави победата на животот над смртта, нека ја обнови вербата кај секого дека храбрите дела, базирани на љубовта и меѓусебното разбирање, се патот до заедничкото добро“, напиша во писмото до бискупот, премиерот Ковачевски.

Со желби за радост, спокој и љубов во секој дом, честиташе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

„Љубовта и соживотот нека бидат патоказ на ширењето на христијански вредности и светлина за да ги надминеме сите предизвици“, напиша тој.