Предупредување до жителите на Хамбург по голем пожар во магацини
Отровен чад го прекри Хамбург, според бројот на жителите, вториот град во Германија. Полицијата ги предупреди граѓаните-не излегувајте од дома, исклучете ги еркондишните и вентилацијата. Се испитуваат причините за огромниот пожар што почна на велигденската ноќ...

Пожарникарите во Хамбург, Германија од изутрината се обидуваат да се справат со огромниот пожар што зафатил повеќе магацини. Сè уште не е соопштено од надлежните што имало во магацините, но на жителите им е препорачано да не излегуваат надвор од домовите и да ги затворат прозорците и вратите. Не е позната и причината за пожарот зошто се случил токму на велигденската ноќ.
„Овде сме од четири часот изутрината. Имавме дојава за пожар во компанија која работи тука. Се запалил магацинот, пожарот се раширил и на другите магацини поради различни причини. Облакот од чад покри речиси половина од градот, им јавивме на жителите преку системот за предупредување“, рече Тим Шпицбергер, портпарол на пожарникарите на Хамбург.
Хамбуршката полиција предупреди, чадот е со хемиски материи. Германската новинска агенција ДПА информираше дека пожарот избувнал во источниот дел од градот, којшто е втор според големината во земјата. Огнената стихија и чадот ги запреа возовите на релација Хамбург-Берлин, а ги прекинала комуникациите и со други градови. Преку мобилните се известуваат жителите на Хамбург да ја исклучат воздушната вентилација и еркондишните.
Зоран Богатинов
