Папата Францис ја одржа велигденската миса
Папата Францис ја одржа велигденската миса со молитви за Украинците и за Русите, како и за Палестинците и Израелците...

Папата Францис ја одржа велигденската миса со молитви за Украинците и за Русите, како и за Палестинците и Израелците. На плоштадот Свети Петар, 86-годишниот понтиф ја нагласи важноста на Велигден која според него ја осветлува темнината, во која сега е завиткан светот.
Порача дека луѓето треба да ја отстранат „тежината“ од гревовите и стравовите за да ја почувствуваат моќта на воскресението Христово, и упати отворена покана за сите да ја откријат повторно милоста Божја внатре во нив.
На службата присуствуваа 40 кардинали и околу 200 свештеници кои носеа запалени свеќи за да ја означат светлината Христова со која се отстранува темнината.
