Иницијатива

Одложување на законите за Коридорите 8 и 10-д

09.04.2023 19:36

Граѓански здруженија од „Платформата за борба против корупцијата“ бараат да се промени утрешниот дневен ред на Собранието. Ова се однесува на седницата посветена на измените на деветте закони во скратена постапка кои се поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10-д...

Граѓански здруженија од „Платформата за борба против корупцијата“ бараат да се промени утрешниот дневен ред на Собранието. Ова се однесува на седницата посветена на измените на деветте закони во скратена постапка кои се поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10-д.

Од платформата која брои 18 здруженија велат дека не се консултирани ниту пратениците, ниту стручната јавност, ниту граѓанските асоцијации во колкав обем ваквото избрзано носење на овие закони би се влијаело на зголемувањето на корупцијата.

На собраниската седница се предложени законските измени во делот на земјоделското земјиште, експропријацијата, заштитата на културното наследство, урбанистичкото планирање, минералните суровини, работните односи, шумите, градењето, како и утврдувањето на јавниот интерес.

За измените веќе реагираа од Македонското археолошко друштво и предупредија дека без соодветни истражувања ќе се уништи културното наследство на земјата. Од друштвото најавија и протест пред македонскиот законодавен дом. Државната комисија за спречување корупција отвори предмет за изградбата на Коридорите 8 и 10-д.