Делавер
Тројца застрелани во пукотница во трговски центар во САД
09.04.2023 20:50
Полицијата потврди дека тројца се повредени поради истрелите од огнено оружје и дека се згрижени во болницата...

Пукотници во трговски центар во сојузната американска држава Делавер. Полицијата потврди дека тројца се повредени поради истрелите од огнено оружје и дека се згрижени во болницата.
Засега не се откриваат детали од инцидентот во трговскиот центар Кристијана поради истрагата.
Полицијата не соопштува дали осомничениот е уапсен, но велат дека моментално нема безбедносни проблеми во трговскиот центар и околината.
