Лавина затрупа седум лица во Словенија, во Франција загинаа четири лица
Најмалку четири лица загинаа во лавина на француските Алпи, лавината затрупа седуммина на словенечкото скијалиште „Мала Мојстровск“, но тие биле спасени од службите...

Најмалку четири лица загинаа во лавина на француските Алпи, објави министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин.
Инцидентот се случил во Горна Савоја на глечерот Амансет во близина на Мон Блан во југоисточна Франција. Жртвите биле на планинарење кога се случила лавината, а нивниот идентитет сè уште не е утврден.
И во Словенија лавината затрупа седуммина на словенечкото скијалиште „Мала Мојстровск“, но тие биле спасени од службите, иако операцијата била неколкупати запирана поради лошото време.
Затрупаните ја преживеале несреќата, но се тешко повредени и хоспитализирани во болницата во Љубљана.
