Временска прогноза
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
10.04.2023 08:15
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 13 степени.
