Денеска во Собрание измените на деветте закони за автопатските делници
Собранието денеска треба да ја одржи 112-та седница, ќе има продолженија на уште седум седници, на 50-та, 71-та, 79-та, 86-та, 100-та, 103-та и 106-та седница...

Собранието денеска треба да ја одржи 112-та седница. На седницата се измените и дополнувањата на законите за земјоделско земјиште, за експропријација, за урбанистичко планирање, за градење. Како последна точка на дневниот ред се измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), по скратена постапка.
Ќе има продолженија на уште седум седници, на 50-та, 71-та, 79-та, 86-та, 100-та, 103-та и 106-та седница. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство.
