Македонија

Истекува рокот за номинирање претставници во работната група за Уставните измени

10.04.2023 09:07

ВМРО-ДПМНЕ, Алтенатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз информираа дека нема да учествуваат во работната група. Освен партиите, од тимот кој ќе работи на амандманите се познати и професорот Александар Спасов кој е делегиран од претседателот Пендаровски, додека пак од експертите позитивен одговор дале Јетон Шасивари и Маргарита Цаца...

Рокот за номинирање претставници во работната група за измени на Уставот што Министерството за правда им го даде на институциите и политичките партии истекува денеска.

Освен партиите, од тимот кој ќе работи на амандманите се познати и професорот Александар Спасов кој е делегиран од претседателот Пендаровски, додека пак од експертите позитивен одговор дале Јетон Шасивари и Маргарита Цаца.

ВМРО-ДПМНЕ, Алтенатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз информираа дека нема да учествуваат во работната група.

Премиерот Димитар Ковачевски, минатата недела порача дека процесот на уставни измени е внатрешно прашања на Република Северна Македонија, што е и обврска поврзана со пристапните преговори со Европската Унија. Работната група во Министерството за правда треба да изработи предлог којшто одговара на македонското општество, на нашите закони и на она што ние го очекуваме од нашата иднина како идна земја – членка на ЕУ.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе биде главниот преговарач, а во тимот ќе учествуваат и домашни експерти, државни службеници и стручни лица надвор од институциите, како странски експерти.

Според претходно објавените информации, постапката за уставни измени, односно промена на Преамбулата на Уставот, треба да заврши најдоцна до ноември годинава, по завршувањето на скринингот на ЕУ.