Франција

Пронајдени тела по експлозија во Марсеј

10.04.2023 09:31

Две тела се пронајдени откако се урна четирикатна станбена зграда во Марсеј, Франција. Шестмина се водат како исчезнати, а спасувачките напори се во тек, причината за експлозијата останува нејасна, но се разгледува можноста за истекување гас...

Две тела се пронајдени откако се урна четирикатна станбена зграда во Марсеј, Франција. Шестмина се водат како исчезнати, а спасувачките напори се во тек, причината за експлозијата останува нејасна, но се разгледува можноста за истекување гас. 

Пет лица од соседните згради се здобиле со полесни повреди во експлозијата, а околу 200 луѓе биле евакуирани од своите домови. Околу 100 пожарникари го гаснеле пожарот, пожарот ги попречи спасувачите да распоредат кучиња трагачи. Евакуираните се сместени во локална гимназија и две училишта.