СДСМ: ВМРО- ДПМНЕ е против ЕУ, заложништвото на Мицкоски си го направи своето
Апасиев го вози Мицкоски, тој е негова инспирација и со него се натпреварува како да го закочи патот кон ЕУ и кој поголема штета ќе предизвика на државата, на идните генерации. СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ е силно против интеграцијата во Европската Унија. Очигледно дека заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димитар Апасиев и Левица си го направи своето. Тие двајца се единствените кои се против ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани и Мицкоски секојденвно тоа го потврдува, соопштуваат од СДСМ.
Апасиев го вози Мицкоски, тој е негова инспирација и со него се натпреварува како да го закочи патот кон ЕУ и кој поголема штета ќе предизвика на државата, на идните генерации. СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи, велат од партијата.
Подготвени сме, ќе бидеме предводник на проевропската коалиција и во иницијативата да се направат сите неопходни реформи и уставни измени за да го продолжиме патот кон Европа. Деструкциите на двоецот Мицкоски- Апасиев повторно ќе бидат поразени, нагласуваат од СДСМ.
