Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има

10.04.2023 09:39

Нагласуваат дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден и тој нема да се промени, уставни измени нема да има. СДС и ДУИ зборуваа за хрватски Устав, кога рековме истиот како модел да се преслика, тие ретерираа, се виде колку се Европејци. На виделина излегоа сите лаги и клевети, се виде која е целта.

Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има, во недостаток на реални проекти СДС и ДУИ се како расипана грамофонска плоча со уставните измени, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Шест ипол години нема ниту еден поголем проект. Шест ипол години Македонија само тоне во сиромаштија, половина милион луѓе живеат со по 150 денари на ден, а власта која не нуди иднина, влегува од национална отстапка во национална отстапка, велат од партијата.

Нагласуваат дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден и тој нема да се промени, уставни измени нема да има. СДС и ДУИ зборуваа за хрватски Устав, кога рековме истиот како модел да се преслика, тие ретерираа, се виде колку се Европејци. На виделина излегоа сите лаги и клевети, се виде која е целта.

Уставни измени не може да се носат без консензус на македонскиот народ, консензус нема- стои во соопштението.