Украина
Киев најавува промена на воените планови по протекување на доверливите документи од Пентагон
10.04.2023 09:41
Украинските системи за противвоздушна одбрана со среден дострел ќе ги исцрпат своите можности до 23 мај, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на обелоденети тајни документи на американската војска и разузнавачките служби...

Украинските системи за противвоздушна одбрана со среден дострел ќе ги исцрпат своите можности до 23 мај, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на обелоденети тајни документи на американската војска и разузнавачките служби.
Протечените документи укажуваат на загрижувачки недостиг на оружје доставено од Запад во Украина. Во написот се забележува дека украинските војници треба да се погрижат системите за противвоздушна одбрана да работат како приоритет против ловците и хеликоптерите.
