Кина

Кина почна вежби со боева муниција за „затворање“ на Тајван

10.04.2023 09:45

Кина почна трет ден вежби со боева муниција во близина на Тајван како одговор на неодамнешното патување на тајванската претседателка Цаи во САД...

Кина почна трет ден вежби со боева муниција во близина на Тајван како одговор на неодамнешното патување на тајванската претседателка Цаи во САД.

Тридневната операција наречена „заеднички меч“, е наменета за вежбање на опкружувањето на Тајван, за кој Пекинг тврди дека е негова територија. Кинески борбени авиони и воени бродови изведоа симулирани напади на самоуправниот остров во текот на викендот, што предизвика протест од Тајпеј.