Македонија

ДПИ на терен ќе проверуваат дали трговците ја почитуваат одлуката на Владата за овошјето и зеленчукот

10.04.2023 10:06

Државниот пазарен инспекторат на терен ќе проверува дали трговците со овошјето и зеленчукот, кои имаат ограничени цени, ја почитуваат одлуката на Владата со која се предвидува во маркетите и пазарите да доставуваат количини од најмалку 70 отсто од испораките во првите два месеца годинава...

Државниот пазарен инспекторат на терен ќе проверува дали трговците со овошјето и зеленчукот, кои имаат ограничени цени, ја почитуваат одлуката на Владата со која се предвидува во маркетите и пазарите да доставуваат количини од најмалку 70 отсто од испораките во првите два месеца годинава.

Во последната ваква акција заедно со Управата за јавни приходи и финансиската полиција беа проверени 20 фирми и речиси сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не вршеле дистрибуција и продажба во назначените количини. За нив ќе следуваат казни од 800 до 10.000 евра.