Скопје

Санкционирани 193 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

10.04.2023 10:15

Во периодот од 03.04. до 09.04.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 109 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 84 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта...

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 193 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 03.04. до 09.04.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 109 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 84 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП ПОЦ.