Жалфија - билка со широк распон на примена
Жалфијата ја подобрува концентрацијата, воспаление на грлото и белите дробови, воспаление на внатрешните органи, инфекции на половите органи и габичните инфекции на кожата...

Листовите на оваа билка содржат многу минерали, магнезиум, калциум, витамин А, Ц и витамини од Б групата, есенцијални масла, танин. Жалфијата ја подобрува концентрацијата, воспаление на грлото и белите дробови, воспаление на внатрешните органи, инфекции на половите органи и габичните инфекции на кожата.
Поради силното антисептично дејство, се користи и во лекувањето на афти, непријатниот мирис, проблеми со грлото и крајниците, кариес и проблеми со непцата.
Жалфијата е богата со антиоксиданти кои му помагаат на телото во борбата против токсините. Со самото тоа се спречува појавата на карцином во организмот и се подобрува работата на мозокот.
Жалфијата го стимулира нервниот систем и дигестивниот систем. Одлична е и за симнување на телесната температура. Чајот од жалфија максимално го зајакнува имунитетот, па се препорачува во период кога владее настинка и грип. Успешно ја намалува главоболката и напнатоста.
Жалфијата делува против зачестените повраќања и дијареа а подобро од која било друга билка помага во работата на цревата и желудникот.
Поволно делува на женските тегоби. Го подобрува тонусот на матката, делува антигабично, помага при регулирање на менструацијата, воспоставува хормонска рамнотежа и спречува тешкотии при менопауза.
Жалфијата помага и кај работата на бубрезите. Може да го намали нивото на глукоза во крвта, што ја чини корисна и за дијабетичарите.
