мвр

Лишен од слобода прилепчанец за издржување на затворска казна

10.04.2023 10:42

Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор од една година...

Вчера на улица „Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.В.(42) од Прилеп. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор од една година.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната, информираат од МВР.