ФИНАЛЕ НА ИЗБОРОТ ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА - КОПЕНХАГЕН 2014

Кој ќе биде домаќин на јубилејот- 60 години Евросонг?

10.05.2014 13:01

Победникот ќе има исклучителна чест и одговорност, да го организира јубилејното 60-то по ред издание на овој најгламурозен и најстар музички избор во организација на европската радио дифузна мрежа...

Годинашново 59- то  издание на евровизискиот избор овде во Копенхаген, Данска, полека се ближи кон својата завршница. По вчерашните две проби од кои особено беше важна втората на којашто гласаше стручното жири во 37 европски земји, денес на ред се гледачите коишто во текот на директниот пренос од големото евровизиско финале ќе го дадат својот глас преку националните телеоператори. И оваа година за победникот одлучуваат гласовите на стручното жири и телевоутинг во однос 50:50% .

Победникот ќе има исклучителна чест и одговорност, да го организира јубилејното 60-то по ред издание на овој најгламурозен и најстар музички избор во организација на европската радио дифузна мрежа, па од тука и гласините за можните  кандидати за овогодишни евровизиски победници, коишто најверојатно треба да се бараат или меѓу земјите од големата петорка или кај некои од земјите кои грубо речено можат финансиски да си го дозволат тоа.

Макдонија за жал по 6-ти пат од воведувњето на полуфиналните кфалификации во 2004- тата година не обезбедува пласман на евровизиското финале .

Тијана, Тамара, Пере, Димитар и Дејан по првичното неверување и разочарување, конечно имаа време да се одморат малку, иако сеуште се мета на медиумското интересирање.

Домаќините го направија и конечниот редослед на настап во финалната вечер по извршеното прелиминарно извлекување на прес конференцијата на финалистите од второто полуфинале  од аспект на жанровска разновидност но и во контекст на кратките видео клипови во кои се прелистуваат страниците на евровизиската историја.

Голем број на пропратни манифсетации во завршуваат денес. Во чест на евровизискиот избор денес во Копенхаген се случуваше и последниот -трет ден, кога на сметка на  државата домаќин, можеа да се склучат исто полови бракови.

На овој начин Данците ја одбележаа 25 годишнината од верифицирањето на првиот ваков закон во светот.

Спектакуларното Евровизиско финале вечерва започнува со Украина, а натпреварувачкиот дел завршува со настапот на Обединетото Кралство.

Се очекува преносот од евровизиското финале оваа година да го проследат над 180 милиони луѓе, меѓу кои и аудиториумот на Македонската радио телевизија во директниот преносот кој започнува точно во 21 часот.

 

Каролина Петковска