Горива

Значително поскапување на горивата од полноќ

10.04.2023 12:47

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06% во однос на одлуката од 6.4.2023 година...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06% во однос на одлуката од 6.4.2023 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 84,50 по литар и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)  со цена од 73 денари по литар, односо се зголемуваат за 1,50 денари по литар.  Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 87 денари по литар и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) до 74 денари по литар, со зголемувањето за 2,00 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,505 денари по килограм и сега ќе изнесува 41,079 денари.